Актуелно

Македонија ги доби првите 110 милиони евра од ММФ

23 Nov 2022

Македонија ја добива првата транша од 110 милиони евра од последното одобрено задолжување кај Меѓународниот монетарен фонд од 530 милиони евра, објави Министерството за финансии.

Претходно Одборот на директори на ММФ го одобри заемот за Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност.

Според министерството, средствата се за справување „со шокот кој доаѓа од надвор, за поддршка на граѓаните и компаниите и стабилност во снабдувањето со храна и енергенси“.

Овие 110 милиони евра ќе бидат повлечени веднаш и ќе се користат до крајот на оваа календарска година, а следната транша од 155 милиони евра ќе се користи во текот на 2023 година. 

Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ е наменет за земјите членки на оваа меѓународна финансиска институција кои имаат докажани здрави економски основи и спроведуваат одржливи политики. Инструментот е воведен во 2011 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...