По седми пат оваа година, хрватски „Дукат“ ја зголемува откупната цена на млекото.
Од компанијата информираа дека од 1 октомври, „Дукат“ за секој предаден литар млеко на своите кооперанти ќе им плаќа дополнителни 15 липи. Со последното зголемување, цената на млекото ќе биде за 85 липи повисока од онаа на почетокот на годинава.
Во однос пак на октомври минатата година, откупната цена на млекото ќе биде поголема за 40 отсто.
За зголемување на откупната цена на млекото од почетокот на годината издвоивме вкупно 121 милион куни, за на нашите кооперанти барем делумно да им ги компензираме растечките трошоци и цената на енергенсите, изјави Душко Глишиќ, директор на „Дукат“.
Додаде и дека преработувачката индустрија не може во целост да ги сноси зголемените трошоци околу производството на млеко на готов производ и така дополнително да ги оптовари потрошувачите.
Примарното производство на млеко во Хрватска е во непрекинат пад - во последните десет години е намалено за 30 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.