Со пораст од 9,3% во споредба со 2020 година, особено се истакнува органското зголемување од повеќе од 10% во споредба со претпандемската 2019 година.
„Атлантик група“ во првите девет месеци од 2021 година забележа приход од продажба во износ од 566,4 милиони евра, што во споредба со истиот период лани претставува пораст од 9,3%, и цели 10,1% повеќе отколку во претпандемската 2019 година, кога компанијата оствари рекордни резултати. Приходот без камата, данок и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 89 милиони евра, што е без еднократната ставка од 6,2% повеќе отколку во првите девет месеци од минатата година. Компанијата оствари нето-приход од 53,3 милиони евра, што претставува пораст од 13,9% ако ќе се исклучат еднократните ставки.
„Атлантик група“ продолжува да остварува значаен пораст на приходот и профитабилноста, и покрај сите предизвици со кои се соочуваме. Со одлични продажни резултати на сопствените и брендовите од принципалите, пораст забележуваат сите деловни и речиси сите дистрибутивни области, благодарение на подобрата епидемиолошка состојба на сите пазари, олабавувањето на мерките за борба против пандемијата и значајно подобрената туристичка сезона во Хрватска, изјави Емил Тедески, претседател на Управата.
Најдобри резултати од деловните области оствари Donat Mg со пораст од 15,2%, потоа стратешката деловна област пијалаци, чиј носечки бренд Cedevita придонесе за пораст од 10,7%. Следуваат деликатесните намази со доминатниот бренд Argeta и пораст од 8,4%. Кафето, како поединечно најголема категорија учествува со 20,4% во вкупниот приход, а носечките брендови од оваа категорија Barcaffè и Grand kafa забележаа пораст од 8,2%. Меѓу индивидуалните пазари, најголем пораст забележува Хрватска со 12,6%, БиХ – 8,3% и Србија – 8%. Сопствените брендови учествуваат со 63,5% во вкупната продажба, принципал-брендовите со 27,5%, додека фармацевтскиот синџир „Фармација“ е заслужен за 9% од приходите од продажба.
Нови погони и производи
Првите 9 месеци од годинава беа обележани со лансирањето на два нови бренда – чоколадата Jimmy Fantastic и палетата производи на база на овес – Boom Box, кои успешно беа лансирани во март и април на пазарите во Хрватска и Словенија. Во постојниот производствен асортиман значајна промена настапи и со лансирањето на новото, редизајнирано и практично пакување на Cedevita, како и редизајнот на Argeta.
Во поглед на инвестициите, „Атлантик група“ во март почна со вложување во изградбата на нова фабрика за Argeta во областа на општината Кнегинец, во близината на Вараждин. Се работи за инвестиција во вкупна вредност од повеќе од 50 милиони евра, чија реализација предвидува отворање на 150 нови работни места. Освен тоа, во април „Атлантик група“ потпишаа договор за соработка со „Бери Калебаут“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.