Актуелно

Пријавете се за спонзор на 7 FMCG Summit Skopje 2021!

04 окт 2021

Искористете го 7. FMCG Summit Skopje 2021 за претставување на брендовите/услугите и за зајакнување на имиџот на компанијата.

Дваесетина дена нѐ делат од најголемиот трговски настан во годината – 7 FMCG Summit Skopje 2021, кој ќе се одржи онлајн на 28 октомври и ќе биде бесплатен за следење. На самитот, во организација InStore и „Кликер маркетинг“, ќе зборуваат 10 професионалци од различни сфери од секторот, кои ќе се претстават со свои презентации.

Досега голем број врвни компании ја препознаа мисијата за поддршка и едукација на малопродажниот сектор и беа спонзори на овој најголем трговски настан. Годинава спонзортството веќе го потврдија „Веро“, „Орбико“, „Gebrrüder Weiss“, „Пакомак“, „НЛБ банка“, „Thrivity“, „Нелт“, Peugeot и „Тинекс“. Бидете и вие дел од оваа врвно друштво!

Спонзорирањето на конференцијата е одлична маркетиншка алатка, која позитивно влијае врз препознатливоста на вашите брендови и услуги како компанија. За спонзорите, самитот е идеална средина за остварување на нивните комуникациски цели. Преку ексклузивноста на настанот, самитот овозможува директна Б2Б-комуникација со потенцијалните партнери во FMCG-секторот.

Контактирајте нè на:

meri@instore.mk

+389 2 3067 572; +389 71 262 441



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...