Актуелно

Barilla и Algida склучија договор за партнерство

30 Sep 2021

Италијанскиот производител Barilla потпиша стратешко партнерство со Algida, брендот на „Унилевер“, за продажба на сладолед и грицки во Италија. 

Од Barilla, чии кекси Gocciole се најпродавани во Италија, изјавија дека партнерството ќе ја зголеми побарувачката за колачи и грицки, особено во летната сезона. Исто така, значително ќе помогне групацијата да биде поконкурентна на продажни места каде се натпреварува со компанија како што е „Фереро“. 

Уверени сме дека пазарот на сладоледи нуди интересни можности. Знаеме дека имаме трговски марки и производи за кои италијанскиот потрошувач има голем интерес, соопштија од Barilla. 

Сладоледите развиени заедно со Algida ќе се надоврзат на успешното лансирање на колачите на Barilla полнети со чоколаден намаз и на продажбата на житни плочки. 

Партнерството ќе биде оперативно од јануари 2022 година. На почетокот ќе ја опфаќа Италија, со цел да се прошири и во другите европски земји. 

„Унилевер“ во 2017 година склучи слично партнерство и со „Фереро“, помагајќи му да влезе во секторот смрзнати слатки во Италија и надвор од неа. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...