Актуелно

„Лента“ доби дозвола да ја преземе „Била“ – Русија

24 Aug 2021

Рускиот трговец „Лента“ ја купува компанијата „Била“ – Русија. Од групацијата соопштија дека руските антимонополски институции веќе ја одобриле аквизицијата.

Вредноста на договорот изнесува околу 225 милиони евра.

Од „Лента“ соопштија дека аквизицијата значително го забрзува стратешкото проширување во Москва, преку добивањето врвни малопродажни локации, со висок потенцијал на потрошувачка.

Како што се наведува во соопштението на „Лента“, во план е во следните 12 месеци да бидат интегрирани 161 супермаркет „Била“, вклучително со вработените. Проширувањето во сегментот супермаркети е висок стратешки приоритет за „Лента“. Оваа аквизиција е трансформативна, бидејќи двојно го зголемува присуството на компанијата во овој сегмент, изјави директорот Владимир Сорокин.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...