Видео вести

(ВИДЕО) Нова празнична кампања на Stella Artois

25 ное 2021

Познатиот пивски бренд на „АБ Инбев“ – Stella Artois ја подигнува свеста за глобалниот проблем со водата преку новата кампања „Give the Gift of Time“.

Кампањата „Give the Gift of Time“ (Подарете го времето) на Stella Artois е создадена во партнерство со непрофитната организација Water.org, чиј коосновач е актерот Мет Дејмон.

Централниот спот почнува со сцена во која Мет Дејмон отвора подарок – чаша од Stella Artois и си налева пиво. Со прстот ја повлекува капката што му се истурила и спотот се трансформира во акварел, кој го објаснува проблемот на бројни жени низ светот кои голем дел од времето мора да го минуваат надвор од домот за да донесат чиста вода. Секоја рамка во ТВ-анимацијата е рачно насликана од уметникот Ем Купер за да создаде впечатлив ефект.

Акварелот е метафора која ја покажува моќта на водата да ги трансформира животите и да им го врати времето на многу жени што трошат многу часови дневно за да го снабдат семејството со вода, велат од компанијата.

Но, што ако тоа не мораа да го прават? Што ако нивните заедници имаа пристап до чиста вода? Тоа е борбата на Stella Artois и на Water.org – да им обезбедат на жените не само чиста вода, туку и повеќе слободно време што ќе можат да им го подарат на најблиските.

Рекламата завршува со ветување дека за секоја купена чаша од лимитираната празнична линија или пакување пиво, компанијата ќе донира средства за обезбедување чиста вода на тие што имаат потреба од тоа.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...