Работење

Гордана Кадоиќ: Како вработените да дишат како еден?

25 ное 2019

Во денешно време, кога секој член на тимот има различни цели, резултатот може да биде само – хаос

Пишува: Гордана Кадоиќ, сопственик на „Адриа корпорејт едукејшн“, gordana@adria-corporate.com

Лидерите многу добро знаат дека постигнувањето врвни резултати подразбира и врвен тим. Да се доведе тимот до исклучителна уиграност, професионалност, разбирање, меѓусебна поддршка и заеднички вредности, понекогаш е долг и макотрпен процес, но вреди да се обидете бидејќи резултатите се непроценливи.

Во денешно време, кога секој член на тимот има различни цели, резултатот може да биде само – хаос.

Постојат четири основни причини зошто врвен тим е сон на секој лидер:

1.Заедничката цел е посилна од поединечните цели

Ако тимот има заедничка цел, секој член на тимот работи на нејзино остварување. Во тимското опкружување во кое постои меѓусебна поддршка секој придонесува со своите специфични знаења и вештини. Во тој тим не се мери кој колку придонел. Тимот е посилен од поединечните членови бидејќи сите заедно имаат на располагање мноштво вештини, а слабостите можат да се балансираат. Во ваков тим нема простор за изразување поединечно его бидејќи сите членови на тимот се несебични. Кога тимот ќе ја оствари целта – славата се дели на сите еднакво.

2. Единствен неуспех е кога ќе престанеш да се обидуваш

Членовите на тимот си даваат поддршка еден на друг кога некој ќе доживее неуспех или разочарување. Неуспесите се единствена причина зошто нешто не функционира. Одредени членови на тимот некогаш можат да сметаат дека некои предизвици или пречки се претешки за воопшто да се обидат да ги надминат, но тимскиот дух и морал ги руши сите бариери и ги поттикнува повторно да се обидат. Без неуспех, не би постоел ни начин за мерење на успехот.

Важно е да се препознаат и да се признаат грешките бидејќи само тие имаат влијание врз вашиот процес на учење.

3. Препознавање на вашиот полн потенцијал

Како поединци, луѓето имаат многу ограничувања. Секој е одличен во одредена вештина и помалку успешен во друга вештина. Кога сте член на тимот, станува полесно да го препознаете полниот потенцијал на тимот бидејќи нечија слабост може да биде доблест или предност на друг. Да се биде член на тим во кој владее поддршка значи можност секој да ги надмине своите слабости учејќи од другите.

4.Лидерите се само дел од тимот

Како водич на тимот или лидер на која било позиција, не заборавајте дека и вие сте дел од тимот. Секако, улогата на лидерот поинаку се гледа од улогите на преостанатите членови на тимот, но секој член има свое подрачје на одговорност. Резултатите слабеат ако кој било во тимот не го сработи добро својот дел од работата, ако вашиот колега не продолжи таму каде што сте застанале вие. Во ваков тим, и лидерот има свои задолженија – треба да се постави како еден од еднаквите, но и да задржи одредено ниво на авторитет.

И лидерите и менаџерите мора да работат заедно бидејќи тие се како двата дeла на мозокот.

И на крај останува прашањето за вашата улога.

Дали сте лидер или менаџер?

И лидерите и менаџерите мора да работат заедно бидејќи тие се како двата дeла на мозокот. Левата хемисфера симболизира управување и менаџмент, кои користат логика и рационално размислување. Сè е мерливо и во совршен ред, секоја ставка може да се контролира.

Десната хемисфера симболизира лидерство и водство, каде што владеат креативност и емоционално размислување. Тие ја гледаат пошироката слика, се служат со фантазија, интуиција и други „меки“ вештини.

Овие два сегменти заедно прават една компактна целина и кога работат тимски, не постојат пречки што не можат да ги совладаат.

И затоа, без разлика дали сте менаџер или лидер, стремете се кон тоа вашиот тим да функционира совршено бидејќи тоа е единствениот пат до успех во работата.

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...