Работење

Деловни одлуки базирани на информации

03 Jun 2019

Решението за управување со податоците треба да ѝ овозможи на компанијата сигурно и ефикасно дистрибуирање на податоцитe, што ќе ги задоволува големината и сложеноста на процесите, како и технологијата која веќе ја има компанијата

Автор: Петар Ацоски, сhief solutions architect, „Семос“

Со порастот на секоја компанија експоненцијално расте и обемот на податоци, па така компаниите се соочуваат со проблем за изнаоѓање софтверско решение за управување со податоците. Решението треба да ѝ овозможи на компанијата сигурно и ефикасно дистрибуирање на податоцитe, изградено на BI-платформа која ќе ги задоволува големината и сложеноста на процесите, како и технологијата што веќе ја има компанијата.

Што е Business Intelligence?

Деловна интелигенција (BI) е процес базиран на технологија за анализа на податоци и презентирање на вистински информации потребни за носење информирани деловни одлуки. BI опфаќа широк спектар на алатки, апликации и методологии кои им овозможуваат на организациите да ги консолидираат податоците од внатрешни системи, како и надворешни извори, да ги подготват за анализа преку извештаи и dashboard-и за нивна визуализација.     

BI архитектура

BI-платформите сè повеќе се користат како интерфејси за големи системи. Современ BI-софтвер обично нуди флексибилна заднина, овозможувајќи поврзување со голем број извори на податоци. Ваквата архитектура ги прави овие алатки погодни за архивирање на голем сет консолидирани податоци и нивен унифициран приказ.

Business Intelligence and Data Warehouse (BI/DW) се две одделни, но тесно поврзани технологии кои се клучни за успехот на секој голем или среден бизнис.    

Data Warehouse е основата на BI-решението. Иако Data Warehouse е база каде што се чуваат податоците, сепак, нејзината архитектура е многу различна од структурата на трансакциска база.

Процесот ETL (екстракција, трансформација и вчитување) претставува преземање на податоците, чистење и трансформација, како и нивното вчитување во Data Warehouse.

Преземањето на податоците од различни извори и нивно логично поврзување во еден единствен систем овозможува повеќедимензионална анализа на податоците.

Чистењето на податоците овозможува зачувување на квалитетен податок потребен за правилно прогнозирање и известување.

Вообичаено, податоците од онлајн-трансакциите за обработка на податоци се префрлаат во Data Warehouse на дневна, неделна или на месечна основа.

Добро дизајниран магацин додава вредност на податоци преку подобрување на нивниот квалитет и конзистентност обезбедувајќи кохерентна слика за компанијата. Ваквото решение генерира аналитички информации за деловните корисници без да влијае врз секојдневните трансакции.

BI алатки

Првично, BI алатките беа користени од аналитичари на податоци и други ИТ-професионалци за изготвување извештаи по барање од деловните корисници. Но, сè повеќе менаџерите и вработените ги користат ваквите алатки благодарение на лесниот интерфејс, развојот на self-service BI, како и на dashboard-ите.

Потенцијалните придобивки од BI алатките за деловна интелигенција вклучуваат забрзување и подобрување на процесот на донесување одлуки, оптимизирање на внатрешните деловни процеси, зголемување на оперативната ефикасност, вложување нови приходи и стекнување конкурентна предност во однос на бизнис-конкурентите.

Комбинираните надворешни податоци со податоците од компанијата (финансиски и оперативни податоци) создаваат „разузнавачки информации“ кои не можат да се добијат  од  еден единствен извор на податоци. На овој начин компаниите може да ги идентификуваат трендовите на пазарот и проблемите со деловните процеси во компанијата кои треба да се подобрат.

Овозможете им на бизнис-корисниците навремен пристап до податоците и информирани деловни одлуки.

(„Семос“ е водечки провајдер на ИТ-решенија и услуги во регионот, со присуство на пазарот од 35 години, базиран во Скопје - Македонија. Компанијата нуди врвни софтверски решенија, системски интеграции и ИТ-консалтинг, како и приспособливи софтверски решенија за потребите на клиентите. Долгогодишното присуство на пазарот, комуникацијата со клиенти, инвестирањето во вработените и следењето на глобалните трендови и технологии овозможија „Семос“ да стане првиот Microsoft Solution Provider во Македонија во 1997 година и да испорачува квалитетни решенија и производи кои се одликуваат со сигурност и иновативност).

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...