Автори: Мартин Максимовски, менаџер за деловен развој, „Мајкрософт" – Македонија и Андреј Митков, управител, „Искон решенија"
Ефикасноста на вработените зависи од многу параметри, како работната средина, големината на тимот во кој се работи, типот на работни задачи, уделот на теренски активности и друго. Воведувањето мобилност во работењето или можност за работа надвор од канцеларијата на фирмата, може да претставува пресврт во начинот на работење. Можноста еден работник своите задачи да ги заврши надвор од канцеларијата и воедно извештаите за сработеното да ги поднесе додека е сè уште на терен е, можеби, еден од најважните аспекти на деловното работење. Постојат повеќе аспекти на мобилност на работниците кои можеме да ги разделиме во неколку категории:
За сите овие категории „Мајкрософт" нуди решенија и продукти што спаѓаат во три основни столбови на мобилното работење:
Веројатно сте го изградиле вашиот бизнис користејќи некое мало решение за сметководство, но како вашата компанија и бизнис-процесите стануваат покомплексни, потребен е систем ЕРП кој ќе расте заедно со компанијата и ќе ви овозможи навремени информации за брзо реагирање и за донесување деловни одлуки. Со Microsoft Dynamics NAV се овозможува:
Со Microsoft Dynamics NAV и Office 365 се обезбедуваат потребните алатки за менаџирање на бизнисот и им се овозможува поголема продуктивност на вработените.
Овие доверливирешенија на кои работатповеќе од 110.000 компании во речиси 200 земји се применливи во:
Microsoft Dynamics NAV е целосно локализиран на македонски јазик и во согласност со барањата на македонската легислатива. Македонската локализација е изработена од компанијата „Искон решенија", која воедно е локален партнер на „Мајкрософт" и врши имплементации во нашиот регион.
Македонската локализација покрива:
Тековната верзија на Microsoft Dynamics NAV, NAV 2015 овозможува комплетна мобилност на вработените, поддржувајќи и обезбедувајќи исто корисничко искуство на вработените без разлика дали работат на таблет, лаптоп или на десктоп-компјутер.
Корисничкото искуство останува идентично без разлика дали вработените работат на таблет со Windows оперативен систем, Android или iOS/iPad. Сè што е потребно е интернет-врска преку која ќе се овозможи сигурна конекција со системот NAV 2015 поставен на облакот Microsoft, некој друг облак или на компаниските сервeри.
NAV 2015 им овозможува на вашите теренски работници сигурен пристап до сите потребни информации, зголемувајќи ја нивната продуктивност и продуктивноста на компанијата во целост.
Со помош на интеграцијата со Office 365 и со PowerBIза Office 365, се добива алатка за бизнис-интелигенција со помош на која се градат сите потребни извештаи за навремено следење на сите клучни перформансни индикатори од кое било место, во кое било време и од кој било уред преку сигурна врска со облакот или со компаниските сервери.
Менаџирањето на вашата компанија станува полесно кога вашиот календар, мејл и систем ЕРП работат заедно и интегрирано. Бизнис-апликациите Microsoft Dynamics им овозможуваат на компаниите целосна контрола над финансиите, залихите, операциите и се решенија кои се едноставни за имплементација, лесни за користење и доволно моќни да го поддржат идниот пораст на компаниите.
Со воведување на овие системи можете сами да го одредите патот кон модерното со решенија кои ги поддржуваат вашите бизнис-цели – зголемување на продажбата, зголемување на ефикасноста или намалување на ризикот од воведување мобилна работна сила.
Промената не мора да дојде со големи трошоци за тренинг и за адаптација на решенијата. Ова значи дека може да ја искористите технологијата за побргу да се приспособите на променливите бизнис-потреби и да реагирате побргу од конкуренцијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.