Човечки ресурси

Ениса Селмановиќ-Салкиќ: Попушти малку

22 Jul 2020

Зошто ова не е лево, а јас замолив да биде десно? И зошто овој фонт, кога ти реков друг? Не знам кој, ама некој друг.

Автор: Ениса Селмановиќ-Салкиќ, основач и извршна директорка на „Консултор“, www.consultor.ba 

Оваа болест е позната со векови. Најстарите цивилизации ја нарекуваа микроменаџмент. Бидејќи новите цивилизации не најдоа соодветен назив за промена, се задржал „микроменаџмент“ до ден-денес. А, како што стојат работите, така ќе остане и уште неколку векови.

Симптомите на оваа болест тешко се препознаваат иако се видливи секојдневно. Бидејќи се прикриени со други познати болести, како: сè морам јас, никој ништо не знае да работи, опкружен сум со неспособни. Многу често се случува симптомите на микроменаџментот да се помешаат со овие, другите. Болести.

Која е ризичната група на оваа болест? Па, главно менаџерите. Сите големини. А симптомите ќе ги почувствуваат и оние што не се. Всушност, кај оваа болест првите симптоми се јавуваат кај другите, кај оние што го следат и слушаат. Гледаат како е расположен. И така, живуркаат. Тогаш на некој ќе му пукне филмот и ќе избега.

Или ќе останат, бидејќи им е убаво. Ќе дојдат на работа за да се одморат. Не мора да го користат мозокот. Наутро добиваат инструкции, по некоја доза и во текот на денот. А парите, капат ли капат. Тоа што нивниот резултат е тараба, тоа е најмалку важно.

И логично, заедно ги озборуваат тие што си заминаа. Слабаци. Не можат да го следат темпото. Не сакаат да работат. Не, другар, тие сакаат да работат. Само ти не го гледаш тоа.

За среќа, за оваа болест има лек. Излечлива е. Има неколку лекови, а еден е особено ефикасен. Се вика делегирање.

Не, нема да го направиш тоа подобро. Не, не си ти најпаметен, Не, ти не си најбрз.

За среќа, за оваа болест има лек. Излечлива е. Има неколку лекови, а еден е особено ефикасен. Се вика делегирање.

Ако успешно ја преживеете првата фаза без последици врз вашиот лик и дело, тогаш може да преминете на втората фаза. Таа е можеби поболна. Треба да го дадете своето „чедо“ на друг. Треба на некој друг да му дадете малку работа, одговорност.

Не, нема да им препуштиш сè, сепак, ти си мозокот на операциите. Миниоперациите што ги водиш се дел од поголемите операции. И стратегии и иднина. Ако се занимаваш со оперативата, се занимаваш со формата и со другите глупости, тогаш со твојата работа се занимава некој друг.

За почеток, препушти го тоа што најмногу те нервира. Дај му го на друг.

Како ќе знаеш дека ќе го направи? Така што ќе му објасниш. Ќе му кажеш до кога да го заврши и ќе му објасниш каков треба да биде резултатот. Поддржи го и помогни му. Само немој да се изнервираш и повторно сам да го сработиш. Немој.

Кога ќе ја преживееш психичката тортура и ќе видиш дека е завршена работата, ете среќа. Добро, повеќе е „ете шок“ наместо среќа. Кога ќе дојдеш при себе од шокот, ќе сфатиш дека имаш вишок време. Време за одмор, размислување и за нови идеи.

Делегирањето е првиот чекор кон излекување. Ги има уште, но ќе се задржиме на вториот најважен.

Изгледа како две работи, но всушност е една. Она кога размислуваш, размислуваш, па ќе се сетиш да провериш што работи некој. Па, ќе го фатиш од заседа, тој сирот во работа, ќе го прашаш за нешто четврто.

Секако дека нема да ја испуштиш контролата. Но, мора да ја контролираш контролата. Да ја најавиш и да ја спроведеш. Ќе кажеш: ќе го следам твојот напредок (подобро звучи од контрола, нема да се исплаши, а сепак ќе контролираш) тогаш, тогаш и тогаш. Ќе одвојам 20 минути да видам до каде си и дали можам да ти помогнам. И капак. Ќе останеш жив и ќе ја имаш саканата контрола.

И на крајот, не занимавај се со глупости.

На кого му е гајле за бојата на рамките, ако податокот е точен. Ако светилката е вклучена, изгаси ја. Не повикувај го собранието на ОН да расправа три дена за тоа.

Дај задачи, следи ги и мери ги. Дали си ги направил или не. Simple as that.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...