Го знаете она, кога сте главни, па знаете сè и ве прашуваат за сè?
Автор: Ениса Селмановиќ-Салкиќ, раководител за правни работи и за човечки ресурси, „Мегамикс"
И достапни сте 24 часа дневно, седум дена во неделата. Оти има толку прашања на кои само вие знаете да одговорите. И има толку многу работи што само вие знаете да ги правите. И сите ве сакаат, ве галат, ве чуваат. И зошто не би било така. Вие сте главни!
Вие правите стратегија, вие го креирате бизнисот, вие сте непобедливи! Не, вие се занимавате со тривијални оперативни работи, се грижите за тоалетната хартија, за светилките, за деновите од годишните одмори, за зимницата.
А, стратегија? Па, се прави некако. Додека има пари. И бизнис се случува, ама некаде на друго место.
Но, не грижете се за ништо. Вам барем ви се сите светилки исправни.
Добро, сега веќе паничите и велите дека не е така. Па, станете и размислете дека сепак е така. Сега уште повеќе кревате паника. И треба, слободно одвојте време за паника. Здраво е.
Не е лесно да се биде главен. Мозокот на
операциите. Да се мисли, да се мисли, и
уште да се мисли. И да се работи, развива,
преговара, да се заработат пари. Или,
да се оствари профит – ако баш сакате да
бидеме фини.
Е сега, кога се соочивме со првичниот шок, да почнеме да работиме.
Прво, дали вие сте главни? Да, главни сте.
Второ, што е вашата работа? Да бидете главни.
Трето, што значи да бидеш главен? Не знаете, сте заборавиле. Ве „изела“ оперативата. И онаа прегорена светилка во ходникот.
Не е лесно да се биде главен. Мозокот на операциите. Да се мисли, да се мисли, и уште да се мисли. И да се работи, развива, преговара, да се заработат пари. Или, да се оствари профит – ако баш сакате да бидеме фини.
Можеби понекогаш ви здосадува да размислувате, па се фаќате за оператива. Бидејќи оперативните работи даваат побрзи резултати. Од прегорена светилка до светилка што свети има само пет минути. Од размислување до милиони можат да поминат и неколку години. Светилката или милионите, прашање е сега?!
Кога утврдивме дека не се живее од радоста поради тоа што светнала светилката, туку се живее од банкноти, да се позанимаваме малку со вистинскиот проблем.
Зошто правите сè освен тоа што треба да го правите? Аха, немате време. Да, разбирам, полно е со светилки.
Прв чекор од излекувањето е да размислите која е вашата улога. Зошто сте тука каде што сте? Што се очекува од вас? Дали сакате да ги правите сите тие големи работи со комплексни имиња, од типот на стратегии и размислување?
И јас и вие го знаеме одговорот на ова прашање, па можеме да одиме понатаму.
Сега доаѓа болниот дел. Нешто мора да престанете да правите. Да му го оставите на оној што треба да го прави. На оној што би сакал да го прави тоа.
Знам, боли, срце се кине. Од што да се откажете, сè еднакво сакате. Бидете силни и направете го тоа, нема друг начин. Како да одлепувате фластер. Повлечи и оп - готово е!
И тоа се вика – делегирање, што би рекле постарите.
Како делегираме? Ќе одговорам на неколку едноставни прашања: зошто да делегирам? Да можам да размислувам, да правам стратегии и да заработувам милиони. Што ќе делегирам? Промената на светилките, набавката на тоалетна хартија и другите „интересни“ работи што имаат силно влијание врз бизнисот. Кому ќе делегирам? Да, знам – вие тоа најдобро го правите. Но, погледнете околу себе. Има толку од тие мали, љубопитни лица и очи што трепкаат и само се прашуваат кога ќе добијат шанса да научат нешто ново. Да добијат нова одговорност. Да растат и да се развиваат. Да бидат од корист. Да имаат смисла и цел.
Одговоривте на прашањата, сфативте што давате и кому давате. Разговарајте со нив. Презентирајте им го својот план, објаснете им зошто е тоа добро за нив. И за претприемништвото.
Можеби понекогаш ви здосадува да единствена задача. n
размислувате, па се фаќате за оператива.
Бидејќи оперативните работи даваат
побрзи резултати. Од прегорена светилка
до светилка што свети има само пет
минути. Од размислување до милиони
можат да поминат и неколку години.
Светилката или милионите,
прашање е сега?!
Прашајте ги што мислат за тоа. Усогласете се околу целите и идеите. Охрабрете ги и мотивирајте ги. Покажете им, помогнете им да научат. Следете ги низ целиот процес. И гледајте како се случува магија. Ништо не пропадна. Небото не се сруши. А, некои луѓе добија сјајни шанси.
Гледате како веќе се чувствувате подобро и покорисно. Сега имате многу повеќе време. Вие да лежите, тие да работат.
Лежете и размислувајте што да направите што уште никој не го направил... што да се поправи, да се преправи, да се изгради од темел? Каде да се нападне, и како? Како да се браните од удари и како да ги пресретнете? Аха, идеите само доаѓаат - сега, кога се занимавате со идеи.
А, оние мали кранови, работат и цветаат. И светилките светат, како никогаш досега. Земале некои штедливи, па и подолго траат.
Како вие не се сетивте на тоа? Бидејќи немавте време да размислите, а тоа ви беше единствена задача.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.