Маркетинг

Канада: Hellmann’s ги потсетува потрошувачите да ги исчистат фрижидерите

26 Mar 2025

Брендот на „Унилвер“ Hellmann’s ја ланснира кампањата #ENDCONDIMENTHOARDING, со цел да им помогне на Канаѓаните да ослободат простор во своите фрижидери да ги фрлат старите сосови.

 Како што објаснуваат од компанијата, дури 45% од Канаѓаните веруваат дека сосовите заземаат премногу простор во нивниот фрижидер, а тој процент скока на 65% кога станува збор за генерацијата Z.

Со приближувањето на потоплото време, многу потрошувачи ќе започнат со пролетно чистење, кое често вклучува чистење на нивните фрижидери, при што може да наидат на храна на која им е истечен рокот на траење. Всушност, 60% од Канаѓаните признаваат дека понекогаш користат сосови по истекот на рокот, едноставно затоа што се долго време во фрижидер.

За да ги поттикне потрошувачите да ги чистат своите фрижидери и да не користат стари сосови,  Hellmann’s на Инстаграм ги покани Канаѓаните да испратат на компанијата фотографија од нивниот најстар сос во фрижидерот.

Секој што ќе испрати слика ќе добие специјален попуст при купување на производи од линијата Hellmann's Flavors, додека сопственикот на најстариот сос ќе добие специјална награда, соопштија од компанијата.

Hellmann's и претходно покрена слични иницијативи насочени кон истакнување на проблемот со отпадот од храна, вклучително и „паметни тегли“ кои ја менуваат бојата на етикетата во зависност од температурата на фрижидерот. Теглите беа развиени од „Огливи ОК“како одговор на откритието дека милиони фрижидери се премногу топли (околу 7°C, наместо под 5°C), што доведува до побрзо расипување на храната.

Извор: Little Black Book

Фото: Hellmann's



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...