Додека сите очи се свртени кон Луис Хамилтон, најголемата глобална ѕвезда на Формула 1, кој ќе дебитираше за тимот на „Скудерија Ферари ХП“ во неделата, бренд партнерот на тимот, Peroni, започна нова кампања.Како дел од кампањата, компанијата го лансираше „The Italian Way“, кој вклучува видео наречено „The Welcome Present“.
Спотот, во режија на Мартин Вернер, е снимен во луксузна вила во италијанските ридови, каде Хамилтон и неговиот нов тимски колега Шарл Леклер уживаат во глетката и се дружат заедно. Хамилтон е изненаден, но и воодушевен кога Леклер и Ферари му подготвуваат специјален подарок за добредојде – 44 пакети со Peroni Nastro Azzurro 0,0%.
Спотот е наменет за љубителите на Формула 1 и оние кои пијат пиво, но вклучува и скриени детали за страсните тифоси (фановите на Ферари), како што е бројот на гајби што одговараат на бројот на болидот на Хамилтон.
Кампањата „The Italian Way“ го означува почетокот на втората година од петгодишното партнерство помеѓу Peroni Nastro Azzurro 0,0% и тимот на Ферари. Ова е, исто така, првата реклама создадена за Peroni од „Меккен вордлгруп“ , откако „Меккен Лондон“ го освои глобалното рекламирање на брендот минатата година, изјави Карли Барфорд, глобален бренд директор на Peroni Nastro Azzurro.
Со оваа кампања, Peroni се обидува да го задржи својот врвен имиџ и да се прилагоди на промените во преференциите на потрошувачите на сè поконкурентниот пазар на пијалоци, кој се повеќе се свртува кон алкохолни пијалоци, безалкохолни алтернативи и велнес пијалоци. Компанијата има амбиција да стане една од десетте водечки брендови на пиво во светот до 2030 година и очекува раст преку проширување на производите како што е Peroni Nastro Azzurro 0,0%.
Потрошувачите ги перцепираат брендовите на пијалоци како продолжение на нивниот идентитет. Сакаме луѓето да се чувствуваат како да пијат нешто премиум, нешто што има фантастичен и освежувачки вкус... и да го доживеат Peroni како дел од себе, додаде Барфорд.
Кампањата Italian Way ќе биде прикажана на глобално ниво преку различни канали, вклучувајќи ги социјалните медиуми и други содржини поврзани со клучните викенди за трки во Ф1. Брендот планира да организира и интерактивни настани во поголемите градови низ светот, кои ќе бидат предводени од агенцијата „Васерман“.
Извор: Media Marketing
Фото: Peroni
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.