Маркетинг

Германија: „Кауфланд“ ја претстави својата прва реклама направена со вештачка интелигенција

24 Feb 2025

„Кауфланд“ ја претстави својата прва реклама направена со вештачка интелигенција за лансирање на три нови вкусови на својот енергетски пијалок, Gönrgy, кој компанијата го разви во соработка со инфлуенсерот Монтана Блек.

Од развојот на концептот, изборот на слика и звук до технички прецизен трансфер во подвижни слики, секој чекор е обликуван, оптимизиран и трансформиран во целосно искуство со помош на напредна вештачка интелигенција, се вели во соопштението на компанијата.

Иако некои типични карактеристики на вештачката интелигенција сè уште можат да се забележат овде и таму, резултатот веќе апсолутно вреди да се гледа и претставува импресивен сигнал за иднината. Со Монтана веќе реализиравме бројни кампањи. Тој е многу заинтересиран за темата за вештачка интелигенција и затоа беше идеален партнер за овој пионерски чекор кон отворената употреба на вештачката интелигенција во маркетинг кампањите, вели Кристоф Шнајдер, маркетинг директор на „Кауфланд“ - Германија.

„Кауфланд“  во рекламата го испраќа Блек на „мисија“ во стилот на таен агент во акционен филм за да набави нови вкусови на Gönrgy. Го следиме додека патува низ потопен град со подморница, потоа на товарен брод, каде што прави акробатски подвиг на велосипед и на крајот доставува производи до филијалата на „Кауфланд“ со скокање од хеликоптер.

Концептот и спроведувањето на кампањата беа спроведени во соработка со агенцијата „Департд“.

Извор: Instore.rs

Фото: „Кауфланд“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...