Од почетокот на годинава во Белгија стапија на сила новите правила за рекламирање на алколните пијалаци.
Овие мерки се резултат на спогодбата помеѓу адвертајзинг индустријата, медиумите и трговските здруженија кои се бават со дистрибуција и производство на алкохолни пијалаци.
Една од мерките ќе биде целосна забрана за рекламирање на алкохолот на социјалните мрежи ТикТок и Снепчат, како и на проекциите во кината во кои најмалку 30% од публиката се малолетни лица.
Исто така ќе се забрани рекламирање на алкохолот во радиус од 150 местри од училиштата. Покрај тоа на брендовите нема да им биде дозволено во рекламите за алкохол да прикажуваат лица помлади од 25 години.
Прописите ќе бидат заострени и за инфлуенсерите. Оние кои промовираат алкохолни пијалоци ќе мора да имаат најмалку 25 години, но и „да изгледаат дека се на таа возраст, а не помлади“.
Како што е најавено, целта на воведувањето нови правила е подобра заштита на малолетниците од злоупотреба на алкохол.
Извор: Brussels Time
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.