Маркетинг

Велика Британија: „Карлсберг“ ги претстави божиќните џемпери за љубителите на фудбалот

25 Nov 2024

Компанијата „Карслберг“ во соработка со агенцијата „Фолд7“ ги претстави божиќните џемпери инспирирани од фудбалските дресево во чест на долгогодишната поврзаност на брендот Carlsberg со овој спорт.

Се работи за типа на џемпери, „домашни“ со традиционална зелена боја и „гости“ со сина боја која што треба да асоцира на безалкохолното пиво, Carlsberg 0.0.

Овие џемпери потрошувачите ќе можат да ги освојат преку наградни игри и активации, кои компанијата ќе ги лансира на своите друштвени мрежи, како преку подарувања кои ќе ги организира „Асда онлајн“.

Во рамките кампања, компанија  во соработка со „Дринкавер“, на социјалните мрежи ќе работи и на ширење на вести за одговорно конзумирање на алкохол.

Минатата година имавме неверојатен одзив на лансирањето на нашиот божиќен џемпер и оваа година сакавме да им подариме на нашите обожаватели божиќен подарок. Carslberg е многу поврзан со фудбалот, а ние сакавме да ја прославиме оваа поврзаност со овие фантастични божиќни џемпери, притоа задржувајќи ја смислата за хумор по која брендот е познат. Со две верзии на џемперот, се грижиме секој да може да се вклучи и одговорно да ужива во празничната сезона, изјави Сем Џонсон, маркетинг директор во Carlsberg.

Извор: InStore

Фото: „Карлсберг“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...