Маркетинг

САД: „Хајнекен“ лансира ограничена серија на лименки во пресрет на „Ус Опен“

19 Aug 2024

Со лансирањето на специјалната серија на лименки пиво,  компанијата „Хајнекен“ ќе даде своевиден омаж на тенискиот резултат 0 – 0 кој што е познат како „лав“.

Лансирањето на лименките Heineken 0.0 LOVE LOVE доаѓа во момент кога се зголемува популарноста на безалкохолното пиво, па оваа ограничена серија ќе биде достапна исклучиво на годинешниот турнир „УС опен“ кој започнува од 19 август и ќе трае до 8 септември.

„Хајнекен“ бара партнерства, а не спонзорства, а „УС опен“ е наш партнер повеќе од три децении. Возбудени сме што годинава ќе ја подигнеме границата преку Heineken 0.0 L0VE.L0VE. Нашата цел е да ги собереме луѓето заедно да уживаат во тенисот, па така сакаме да им покажеме на љубителите на тенисот дека умереноста е кул без оглед на тоа дали избираат алкохол или не, „Хајнекен“ има пиво за секого, изјави Џони Каил, директор на маркетинг во „Хајнкен“ во САД.

За да го прослави лансирањето на новите лименки, компанијата се здружи со тенисерскиот пар Тејлор Фритц и Морган Ридл.

Компанијата преку својата веб страница ќе им овозможи на своите потрошувачи да ги освојат овие лименки и други награди како и влезници за „Ус Опен“.

 

 

 

 

Извор: PR Newswire

Фото: „Хајнекен“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...