Маркетинг

Нова кампања на „Хајнекен“ по повод Денот на пивото (Видео)

06 Aug 2024

Компанијата „Хајнекен“ по повод меѓународниот Ден на пивото ја претстави новата кампања која ја истакнува важноста од заедничкото уживање во моментите, отколку од самото пиво.

Поминувањето на убаво време со пријателите е поважно од самото пиво, соопштуваат од компанијата и додаваат дека самиот Фреди Хајнкен изјавил: Јас не продавам пиво, јас продавам „gezelligheid“(холаднска фраза што значи чувсто за добро време).

По повод меѓународниот Ден на пивото можеме да покажеме дека брендот Heineken претставува добро заедничко дружење. Секако дека го славиме и нашето пиво, но сепак сме најгорди на успехот што 150 години ги обединуваме луѓето, што останува срж на нашиот бренд. На здравје!, изјави Долф Ван Ден Бринк, извршен директор на компанијата „Хајнекен“.

Во кампањата се прикажани „заборавените пива“ по масите од забавата по повод победите на фудбалските натпревари и дружбите по баровите, нагласувајќи дека луѓето одлично се забавуваат, иако пивата можат да бидат подзаборавени.

Извор: InStore

Фото: „Хајнекен“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...