Маркетинг

Франција: Heineken во посебно олимписко пакување

22 Jul 2024

„Хајнекен“ во соработка со агенцијата „Вевантморе“ лансира посебно пакување за своето пиво во пресрет на Олимписките игри.

Компанијата под слоганот „ 190 држави под ѕвезда“ претстави ново, колоритно пакување со боите на знамињата на земјите во кои е присутен  Heineken.

Со ова ограничено издание на пивото Heineken, ја славиме интернационализацијата. Со комбинирање на елементи од знамињата на различни земји, ова издание го истакнува глобалниот досег и различноста на Heineken . Преку динамична и колоритна презентација, овој концепт ги прикажува богатите повеќејазични и мултикултурни аспекти на земјите во кои се ужива  во Heineken , објави агенцијата.

Олимписките игри годинава се одржуваат во Париз, ќе започнат на 26 јули и ќе траат до 11 август.

 

Извор: The Dieline

Фото: „Хајнекен“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...