Маркетинг

САД: Сосовите Heinz како суперхерои (Видео)

19 Jul 2024

Компанијата „Хајнц крафт“ лансира нова кампања во пресрет на премиерата на филмот „Дедпул & Волверин“, укажувајќи на сличноста помеѓу двајцата суперхерои и шишињата од сенф и кечап.

 Како дел од кампањата лансира е и спот во кој наратор е актерот Рајан Рејнолдс, кој го филмот го игра ликот на Дедпул.

 Во спотот се вклучени сцени од филмот во кои наместо познатите суперхерои се појавуваат шишињата на Heinz со сенф и кечап .

 Оваа кампања вклучува и посебно активации за потрошувачите во САД, Канада, Мексико, Кина, Австралија и Бразил, а покрај тоа компанијата во ограничено издание ќе лансира колекционерски предмети за украсување на шишињата со сенф и кечап.

 Зад оваа кампања стојат „Ретинк“, „Марвел студиос“ и „Максимум ефорт“, како и агенцијата „Карат“, „Д кичен“ и „Зено груп“.

Извор: AdAge

Фото: „Хајнц“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...