Маркетинг

Хрватска: Претставено лимитирано издание на шишињата на Cockta

08 Jul 2024

На пазарот се лансирани посебни изданија на шишињата на Cockta од 0,5 литри на чии  етикети се истакнати човечките особини и чувства кои Cockta ги споделува со своите потрошувачи.

Омилениот освежувачки пијалак кој посебно го сакаат уникатните и креативни индивидуалци, ова лето го претставува лимитираното издание на шишињата од пола литар со етикети кои ги красат уникатните човечки особини и чувства како што се љубов, инспирација, слобода, музика или оган се само некои од поимите кои ги красат етикетите на посебното издание на Cockta. Шишињата од овој пијалак веќе ги воодушевија потрошувачите давајќи им можност со гордост да ја изберат својата Cockta, која всушност ја истакнува нивната карактеристика, без оглед дали е чувството за слобода, кое ги мотивира, страста, храброста или самодовербата, соопштуваат од „Атлантик група“

Cockta се подготвува по непроменет рецепт повеќе од 70 години: од мешавина од најфините билки, природен CO2 и без кофеин. Токму тоа ја прави целосно автентична. Летово, преку специјално дизајнирани етикети на шишињата, сакавме да ги поврземе вредностите што ги опишуваат и брендот и нашите потрошувачи, односно да нагласиме дека автентичноста на секој човек е она зад што стои Cockta, изјави Александра Грковиќ, менаџерка за развој на брендови во групата „Атлантик група“.

Лимитираното издание на шишињата на Cocktа е дел од минатогодишната кампања „Од што си ти?“, а амбасадор на овогодинешното издание е пејачот Дино Јелушиќ.

Извор/Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...