Компанијата „Крафт Хајнц“ во соработка со агенцијата „БЕТС Париз“, покрена нова кампања под името „Секојдневните херои“
Од компанијата информираат дека целта на кампања е да им се одаде почест на „неопеаните херои“ и на „виртуозите на кечапот“.
Во рамките на кампањата лансирана е и реклама која на духовит начин ги истакнува овие личности и им дава медали за нивниот труд во користењето на кечапот, со што алудира на Олимписките игри кои треба да се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.
Од експерти за отворање на кечап до несфатени уметници, сите ги знаат овие секојдневни херои. Нивните победи заслужуваат медали а пред се достоинствено славење. Ова славење на секојдневните херои исто така е симбол на позиционирањето на нашиот бренд. Heinz секодневно ја поттикнува ирационалната љубов помеѓу своите обожаватели, па затоа со оваа кампања сакаме да ги славиме најголемите од нив, соопштуваат од компанијата.
Извор: INB2B Media
Фото: Heinz
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.