Маркетинг

Србија: „Књаз Милош“ ја започна кампањата „Гордост во срцето на секој град“

14 May 2024

 Компанијата „Књаз Милош“ ја лансира новата маркетиншка кампања под името „Гордост во срцето на секој град“.

Кампањата вклучува реклама во која што можат да се видат некои од градовите во Србија, како и ограничена серија од шишиња со етикети на кои се 18 градови и нивните знаменитости.  

Меѓу градовите кои се најдоа на специјалните етиткети се: Белград, Крагуевац, Ниш, Ваљево, Смередево, Лесковац и други.

 Една од најодговорните и најубави работи во маркетингот е креирањето на нови приказни за „народниот“ бренд, бренд што ни припаѓа на сите, кој од генерација на генерација го правиме заедничко наследство. Во новото поглавле на приказната која што трае, „Књаз Милош“ се прашува што го прави горд еден град?, објави  на својот профил на „Ликедин“, Јована Станковиќ, директорка за маркетинг во компанијата „Књаз Милош“

 Неодамна,компанијата „Матони 1873“, која е најголем производител на минерална вода и безалкохолни пијалаци во Централна Европа, го презеде од компанијата „Пепсико“ уделот од 46,43% во „Књаз Милош“ и со тоа стана единствен сопственик на производителот на минерална вода и енергетски напотоци на домашниот пазар.

Извор/Фото: „Књаз Милош“/ „Линкедин“

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...