Маркетинг

Хрватска: „ПИК Врбовец“ ја претстави новата комуникациска платформа (Видео)

28 Mar 2024

 „ПИК Врбовец“ кој е дел од „Фортенова група“ ја претстави новата комуникациска платформа под името „Дојди на маса“.

Со храната ги одбележуваме малите и големите моменти. За каква и да прилика се работи, свечена или секојдневна, ги собираме нашите и заедно седнуваме на маса, објави компанијата на својот профил на „Ликендин“.

 Од компанијата истакнаа дека новата комуникациска платформа сака да пренесе едноставна порака: се може да ја замени масата, но ништо не може да ги замени оние околу неа.

 Веројантно е дека не постои личност што не слушнала за ваков повик или не го изговорила барем еднаш во животот, со тоа се надевам дека ова кај гледачот ќе евоцира само убави моменти и сеќавања. Со гордот ја претставуваме нашата нова корпоративна кампања со порака „Дојди на маса“. Масата не ја прави рамна плоча, туку луѓето кои се собрани околу неа, напиша Кристина Хустиќ, директорка на маркетинг во „ПИК Врбовец“, на својот профил на „Линкедин“.

  За да ја претстави новата платформа, компанијата во соработка со агенцијата „Имаго“ лансира спот на кој може да се видат како го делат оброкот пријатели од различна возраст и од различни професии .

 Извор/Фото: „ПИК Врбовец“

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...