Маркетинг

Велика Британија: „Нетфликс“ ќе снима серија за Guinness

25 Mar 2024

Минатата недела „Нетфликс“ најави дека наскоро ќе биде снимена серијата „Хаус оф Гинис“ за една од најпознатите светски пиварници.

Автор на серијата е  Стивен Најт, кој го има напишано сценаријото за серијата „Пики Блајндерс“.

 Серијата која е најавена на настанот „Некст он Нетфликс ОК“, дејствието ќе се одвива во 19 век, во Даблин и Њујорк и во неа ќе се прикаже фамилијата која е заслужна за глобалниот успех на брендот Guinness.

 Во серијата ќе се следи животот на семејството по смртта на Бенџамин Гинис, односно случките во животот на неговите деца, Артур, Едвард, Ани и Бенџамин.

 Династијата Гинис е позната насекаде низ светот. Богатството, сиромаштијата, моќта, влијанието и големата трагедија, се испреплетени за да се створи богат материјал кој ме инспирира. Отсекогаш сум бил фасциниран со новите приказни и воздбуден см што овие ликови ќе оживеат и ќе ги види целиот свет, изјави Најт на настанот во Лондон.

 Серијата ќе има осум епизоди во траење од еден час, а актерската екипа и датум на премиерата сѐ уште не се познати.

 Извор: ekapija

Фото: Guinness



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...