Маркетинг

Малезија: „Кока Кола“ ја одбележува годината на Змејот со празничен дизајн

13 Feb 2024

Во пресрет на лунарната Нова година и годината на Змејот, „Кока Кола“ лансирала амбалажа во ограничена серија за Coca-Cola и Coca-Cola Zero Sugar.

Дизјанот на оваа ограничена амбалажа содржи разнобоен цртеж на змеј, кој во азиската култура симболизира богатсво и среќа.

Покрај специјалниот дизајн за соковите, компанијата лансирала и филтер за сликите на социјалните мрежи кои ќе им овозможат на корисниците да изберат една од осумтте интерактивни пораки за честитање на Новата година.

Новата кампања вклучува и посебни активности за корисниците, кампања на социјалните мрежеи како и out of home рекламирање, така што посетителите на Куала Лумпур ќе можат на неколку места да видат интерактивни 3д змејови. Исто така, компанијата во соработка со сингапурската пејачка, Хазеле Тео, ја претстави песната во пресрет на лунарната Нова година, која што може да се најде на јутујб каналот на пејачката.

Извор: Yamcha Time

Фото: „Кока Кола“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...