Маркетинг

Кампања на Heinz - од етикетите растат домати

07 Oct 2021

Познатиот бренд кечап Heinz почна нова кампања на пазарот во Бразил со цел да ги увери потрошувачите дека користи „вистински“ домати и да go прикаже природното потекло на својот производ. 

Поради тоа, Heinz  во соработка со адвертајзинг агенцијата „Африка“ смислија иновативен начин да ја покажат автентичноста на доматот што го употребуваат - ги преработиле етикетите на пакувањето за во себе да содржат семе од домат, со цел потрошувачите сами да можат да си одгледаат природни домати од видот кој го користи Heinz.

Од компанијата очекуваат дека со одгледувањето на сопствени домати, луѓето ќе негуваат разбирање за иницијалните процеси во производството на кечап, како што е изборот и бербата на доматот, пред производот да се готви и третира.

Со оваа акција, сакаме да покажеме дека нашиот кечап го има овој посебен вкус затоа што ние го ставаме доматот на прво место, од нашите семиња, Heinz семиња, кои ги садиме и ги одгледуваме дома. Етикетата која може да се засади го потврдува квалитетот и супериорноста на кечапот на Heinz, ја истакнува нашата главна состојка и го поканува потрошувачот да земе учество и да научи повеќе за овој процес, соопштија од Heinz.

Пакувањата со етикети кои можат да се садат се произведени во ограничен број и ќе се продаваат ограничено време. Со цел да се поттикне учеството на потрошувачите во кампањата, брендот ги покани да споделуваат фотографии од растенијата кои ги пораснале со дадените семиња, во замена за ресторански попусти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...