Регионално

Србија: Отворена нова дрогерија на dm дрогерие маркт во Шид

12 Sep 2024

Компанијата dm дрогерие маркт отвори нова дрогерија во Шид, која се наоѓа на адреса Караѓорѓева 91.

На денот на отворањето компанијата подготви подароци, dm крпи за првите 300 потрошувачи, кои направиле сметки поголеми од 5.000 динари.

Покрај тоа, првите 2.500 купувачи кои ќе направат сметка поголема од 800 динари во следниот период ќе добијат гел за туширање Balea you make my heart smile.

 По повод отворањето на новата дрогерија, компанијата му додели донација на Основото училиште „Бранко Радичевиќ“ во вредност од 1.000.000 динари.

 

Извор: InStore.rs

Фото: dm дрогерие маркт - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...