Регионално

Кристијан Поповиќ: Опседнати сме со давање најдобро искуство при купувањето

05 Apr 2023

Резултатите досега покажуваат дека успеавме во намерата да понудиме едно целосно ново искуство на купување што купувачите со две раце ќе го прифатат

Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs

Со искуство во ФМЦГ- секторот и во малопродажбата, кое го стекнува веќе 17 години, Кристијан ја почна својата кариера во компанијата „Делта макси груп“, ја продолжи во „Еуромакс“, а потоа и во „Кока-Кола ХБЦ“, во која повеќе од 11 години беше раководител на секторот за клучни купувачи. Менаџерските карактеристики, како што се ориентираност кон резултати, планирање и организација, приспособливост, добра комуникација, но и мотивираност на вработените и емпатија, му помогнаа во остварувањето завидни деловни резултати. Со своето знаење, искуство и лидерски способности успешно ги надмина сите предизвици што ги бара брзата индустрија, како што е онлајн продажбата.

Како онлајн купувањето го замени одењето во супермаркети, кои производи се наоѓаат во корпата на потрошувачот, како се дистрибуира свежиот асортиман во „Волт маркети“, како и на многу други прашања за индустријата која експанзивно се прошири по пандемијата, ни одговара Кристијан Поповиќ, генерален директор на „Волт маркети“.

„Волт“ во Србија успешно работи од 2019 година, во сферата на онлајн порачки, достава и купување, а минатата година во јуни компанијата отиде и чекор напред со отворање на првиот виртуелен супермаркет - „Волт маркет“. Зошто се одлучивте на ваков потег?

Да се оди чекор подалеку од доставата на храна од ресторан беше во плановите на „Волт“ веќе подолго време. По искуството во овој бизнис, првичниот план беше таа експанзија да се случи во 2021. Но, се појави пандемијата и тоа беше еден од клучните фактори зошто луѓето беа подготвени да пробаат или уште повеќе да ги користат платформите како „Волт“. Како што поминуваа многу повеќе време дома, порачуваа намирници и други производи и побрзо отколку што очекувавме. „Волт“ ги забрза плановите и почна соработка со трговците и малопродажните објекти во 2020, како што реков и пред моментот што беше оригинално планиран. Ги забрзавме нашите планови и почнавме.

Пилот-проектот „Волт маркет“ почна во 2020 година во Финска и сите беа воодушевени колку беше добар одговорот на корисниците за услугите на овој нов концепт. По Финска, на ред дојдоа и другите пазари на кои „Волт“ работи и сега е присутен на 20 пазари. Отворањето во Србија, по позитивните искуства од други пазари, беше логичен следен чекор и по нешто повеќе од 7 месеци од почетокот на отворањето среќни сме што нашиот концепт и овде е препознат како најдобро искуство за купување и што од ден на ден растеме и имаме нови корисници. 

 И покрај предизвиците со кои се соочуваме сите на пазарот, ќе настојуваме да го одржиме постојниот тренд на односот цена - квалитет на производот, со испорака за помалку од 30 минути.

Со оглед на тоа дека „Волт“ веќе има соработка со одредени трговски синџири, зошто потрошувачите треба да ги изберат баш вашите маркети, а не купување кај добро познати и проверени трговци? Кои погодности ги нуди „Волт маркет“?

Одговорот на прашањето е нашата апсолутна опседнатост со најдоброто искуство за купување. За нас, креирањето уште подобро искуство при купувањето е базирано на две работи – целиот процес е дизајниран тргнувајќи од купувачот – од идентификација и соработка со вистинските добавувачи и внимателно креиран асортиман, до ефикасни процеси во супермаркетите и достава на нарачките до прагот на нашите купувачи во најкраток рок и сѐ е подредено на потребите на нашите купувачи.

Дали резултатите од работењето се задоволителни и во согласност со прогнозите? Какви резултати постигнавте, во бројки?

Резултатите досега покажуваат дека успеавме во намерата да понудиме едно целосно ново искуство на купување што купувачите со две раце ќе го прифатат. Резултатите се во согласност со очекувањата. Бележиме раст низ сите индикатори, како финансиски така и оние што го мерат искуството при купување на нашите купувачи.

Колку објекти имате во мрежата, дали сите се од ист формат? Колку артикли има во асортиманот, колку вработени имате?

Во моментов го покриваме Белград со четири објекти и Нови Сад, каде што имаме еден. Целта ни е сите објекти да имаат по минимални 350 м2, каде што можеме да сместиме над 5.000 артикли. Секој објект има менаџер кој раководи со променлив број вработени, бидејќи бројот на нарачки варира во зависност од периодот, денот и слично. Секој објект има водач на смена, а главната задача на вработените е прием и манипулација со стоките во магацин во согласност со сите стандарди, пакување на порачките кои треба да стигнат до нашите купувачи во најкраток временски рок. 

Со кои добавувачи соработувате и каков е односот на домашните и странските производи во вашата понуда?

Сега имаме над сто добавувачи и ќе биде тешко да се набројат – од големи домашни производители, преку големопродажба до дистрибутери. Акцентот ни е во нашиот асортиман да се најдат производи што ги задоволуваат сите потреби на купувачите. Исто така, се обидуваме во нашиот асортиман да се најдат и производи од локални добавувачи.

Какви се цените кај вас и дали се разликуваат од цените во „регуларните“ продавници? Дали се соочувате со истите проблеми кога станува збор за инфлација, раст на цените на транспортот, нарушените синџири на снабдување, проблем со работна сила... Дали имате и дополнителни предизвици?

При креирање на ценовната стратегија, од една страна, го согледавме пазарот, а од друга страна, ставаме акцент на потребите на потрошувачот. Гледавме да понудиме производи од различни ценовни категории. И покрај предизвиците со кои се соочуваме сите на пазарот, ќе настојуваме да го одржиме постојниот тренд на односот цена-квалитет на производот, со испорака за помалку од 30 минути.

Какви се плановите за ширење на мрежата. Кои места од преостанатиот дел на Србија први ќе добијат „Волт маркет“?

Долгорочно, планот е „Волт маркет“ да се шири во сите градови на Србија каде што е присутен „Волт“. Не можам да лицитирам дали прв ќе биде Ниш, Крагуевац или некој трет град, но во даден момент ќе биде во сите поголеми градови.

Резултатите досега покажуваат дека успеавме во намерата да понудиме едно целосно ново искуство на купување што купувачите со две раце ќе го прифатат. Бележиме раст низ сите индикатори.  

 

Онлајн продажбата букна во периодот на пандемијата и прогнозите се дека и натаму ќе се развива, по поблаги стапки на раст. Што покажуваат вашите податоци, дали овој тренд е и на нашиот пазар и во кој процент?

Ковидот доведе до забрзано прифаќање на електронската трговија и услугата „достава до последна милја“, но целата индустрија расте веќе подолго време. Важно е дека и по пандемијата, трендот на раст се задржа и нема да запре.

На почеток, домашните потрошувачи избегнуваа онлајн да купуваат свежи намирници, месо, овошје и зеленчук. Дали ситуацијата се промени? Кои артикли најчесто се во онлајн кошниците?

Од самиот почеток на работењето се бориме да нема компромис кога е во прашање квалитетот на свежите производи. Сигурно кај купувачите кои не купиле свежи намирници онлајн има одредено стравување, но тоа исчезнува по првото купување во нашите маркети. На соработниците кои работат на подготовка на нарачките во објектите постојано им велиме дека нивните очи се очите на нашите купувачи и да им пакуваат свежи производи само од врвен квалитет.

Иако за типот како што е „Волт маркет“ се востанови терминот „дарк сторе“, ми рековте дека вие не сакате да го користите. Зошто имате такво мислење?

Исклучиво поради значењето на  англискиот збор „дарк“, а објектите на „Волт маркет“ се се само тоа не се. Ни сакаме да користиме термини „виртуелен супермаркет“ и деливери – онли маркет. Најголемата разлика меѓу „Волт маркет“ во однос на другите супермаркети е што купувачите не можат физички да влезат и да купат. Наместо тоа, можат да нарачаат со испорака за помалку од 30 минути, но нудиме и опција за подигнување на производите од нашите маркети, ако на некој така му е позгодно. Освен екстра брзата достава, нудиме и можност за закажување термин за испорака, од 8 до 24 часот, секој ден во неделата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...