Анализи

Истражување од „Еуромониор интернационал“ за здравјето на жените

08 Mar 2024

 Лондон, Велика Британија: Според истражувањето спроведено од„Еуромонитор интернационал“ жените  му даваат приоритет на  своето здравје, прифаќаат холистички, долгорочни решенија и трендови за да преземат одговорност за нивната благосостојба во пресрет на Меѓународниот ден на жената 2024 година.

Извор: „Еуромонитор интернационал“, www.euromonitor.com

  • Фокусот на здравјето на жените поттикнат од трендовите за лична грижа нуди значителни бизнис можности.
  • Уривањето на табуата околу теми како што се менструалната грижа и здравјето во менопаузата ја зголемува побарувачката за услуги поврзани со овие сегменти.
  • Суплементите вообичаено се поврзуваат со подобрување на женското здравје и низ годините се зголемува важноста на богато нутритивна храна.
  • Можности да се вклучат корисни состојки во секојдневната исхрана за да се поддржи холистичкиот пристап во поддршка на здравјето на жените.

 

                                           

 

Марија Маскарак, раководителка на одделот за храна и нутриенти во „Еуромонитор Интернационал“, рече дека зголемениот фокус на здравјето на жените поттикнат од трендовите за лична грижа нуди значителни бизнис можности.

Разбивањето на табуата околу теми како што се грижата за менструацијата и здравјето во менопаузата ја зголемува побарувачката на потрошувачите. Исто така, иако суплементите традиционално се однесуваат на здравјето на жените поради нивната специјализирана природа, постои зголеменa актуелност на потенцијалот на функционалната храна.

Ова нуди можност да се вклучат корисни состојки во секојдневната исхрана како надополнување на холистичкиот пристап за поддршка на здравјето на жените, рече Маскарак.

Нутритивни последици врз здравјето на жените низ животните фази

Маскарак истакна дека исхраната игра клучна улога во промовирањето на благосостојбата на жените преку адресирање на потребите во различни животни фази со специфични нутриенти и лековити билки, кои можат да понудат поддршка и во превентива и во третман.

Жените генерално даваат приоритет на чисти етикети и избегнуваат шеќер покажувајќи многу слични преференции меѓу повеќето возрасни групи, со исклучок на групата над 60 години која покажува различни преференции, барајќи збогатување на својата исхрана со суплементи како приоритет.

Жените на возраст меѓу 45-59 години, демографски релевантни за нега во менопауза, имаат интерес за специфични состојки и етикети на производите. Во рамките на оваа возрасна група, постои претпочитање за решавање на здравствените проблеми со помош на природни третмани, вклучувајќи суплементи и традиционални решенија.

Маскарак рече дека ова е во спротивност со намалениот интерес за лекови на рецепт во оваа група што се случува од 2020 година. Ова укажува на потенцијал на функционалната исхрана, вклучувајќи ја храната базирана на соја и фитоестрогенски компоненти, како што се црниот кохош и црвената детелина, кои можат да помогнат во ублажувањето на симптомите.

Другите вообичаени нутриенти и лековити билки со бенефит за различните фазите од животниот циклус  на жените вклучуваат: сибирски женшен и ѓумбир за поддршка на хормоналната рамнотежа, за менструална нега и диети со фолна киселина, калциум и омега-3 за време на бременоста и постнаталната нега.

Хормоналните промени за време на бременоста и менопаузата влијаат на телесната тежината, додека дигестивното здравје и метаболичкиот синдром се под влијание на хормоналните флуктуации и можат да имаат корист од пребиотиците и пробиотиците.

Маскарак објасни дека во подоцнежниот живот, жените исто така се повеќе предиспонирани за состојби како што се: кардиоваскуларни болести, болки во зглобовите и когнитивни проблеми. Урамнотежената исхрана со цели зрна, посни протеини и есенцијални витамини и минерали може да помогне за справување. Стресот и анксиозноста, позастапени кај жените поради хормоналните фактори, можат да најдат помош во антиоксидансите и омега-3.

Клучната цел е да се обезбеди транспарентност во комуникацијата на придобивките што резонираат со овие групи на потрошувачи, наместо претерано етикетирање и потенцирање на конкретна животна фаза на жената“.

Можности во полето на мајчиното здравје и неистражениот потенцијал

Маскарак  рече дека достапноста на функционална храна не е подеднакво застапена во различните животни фази на жените. Напорите се главно насочени кон здравјето на мајките, вклучувајќи ја бременоста и постнаталната грижа, првенствено преку млечни производи како што е млекото во прав. Ова се должи на свесноста за специфичните нутритивни потреби во оваа животна фаза, при што другите области се главно неистражени или недоволно истражени.

„Постојат можности за сеопфатен пристап во таргетирањето на жените надвор од репродуктивната возраст, со акцент на специфични нутритивни потреби поврзани со здравјето на коските, варењето, хормоналните флуктуации, здравјето на кожата/косата и контролирањето на телесната тежината, кои се вообичаени и често меѓусебно поврзани предизвици.

Азиско - пацифичкиот регион е во првите редови во развојот и промовирањето на функционална храна специјално дизајнирана за жени. На пример, кинескиот млечен гигант „Јили“ нуди млека во прав прилагодени за возрасни жени. Тие вклучуваат асортиман со висок процент на железо и калциум, млеко со малку маснотии, збогатено со пробиотици, и друг опсег, со екстракт од црвен женшен, нагласувајќи ги придобивките за убавината и енергија“, рече Маскарак.

За повеќе информации, прочитајте го извештајот: Women’s Health: Achieving Optimal Wellness Through Nutrition.

 

Фото:Pexels

 

 

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...