Анализи

Данска: „Рема 1000“ ја забрзува интеграцијата на продавниците на „Алди“

06 Mar 2024

Норвешката компанија „Рема 1000“ сака да го забрза темпото на отворање на продавници во Данска и да го намали заостанувањето зад водечката трговска компанија „Нетто“. Извршниот директор на „Рема“ во Данска, Хенрик Буркал, објави на социјалните медиуми дека компанијата која моментално има над 360 продавници во земјата, сака до крајот на летото да ја достигнат бројката од 400 продавници. Клучно за оваа цел е размената на 114 продавници на „Алди Норд“, кои трговскиот синџир ги презеде во декември 2022 година. Минатата година во август, данската пазарна агенција го одобрила овој договор и со тоа „Рема 1000“ можела да продолжи со интерграцијата.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

 „Рема 1000“ е најбрзо растечки дисконтер во земјата. Во 2021 година напредувале на второто место помеѓу данските дисконтери, престигнувајќи го „Факт Коопа“ ( сега преименуван во „Кооп 365“) и достигнувајќи ја мрежата од над 350 единици.

 Единствено водечкиот пазарен играч „Салинг груп“ кој презел 21 од 188 продавници на „Алди Норд“ има поголема присутност со речиси 550 продавници на „Нетто.  Во присутноста во земјата, „Нетто“ се помалку се фокусира на органското ширење, но континуирано го унапредува својот концепт на продавници „Нетто 3.0“, кој беше воведен во 2019 година. „Нетто 3.0“ нуди модерен дизајн на продавниците, проширен асортиман со свежи производи, повеќе избор на здравствено ориентирани производи, како и зона со готова храна за носење. Целата продажна мрежа до 2025 година би требало да биде според најновиот модел на продажба.

 Германскиот „Лидл“ исто така го зголемил присуството во оваа земја од 6 милиони жители, благодареjќи на преземањата од „Алди норд“. Благодарејќи на интеграцијата на „Алди“, „Лидл“ моментално работи со 162 продавници во Данска, што е скоро десет пати повеќе од целта што минатата есен ја постави извшниот директор на „Лилд“ во Данска, Јенс Стратман. На почетокот на месецот, „Лидл“ во Данска ја отвори првата продавница во која нема да има производи од тутун.

 Излегувањето на „Алди норд“ од пазарот не значи и нужно намалување на конкурентскиот притисок за „Нетто“, „Кооп 365“ или „Лилд“. Според сопствените пресметки базирани на податоците од билансот, продавниците на „Алди норд“ во Данска во 2022 година оствариле приход од 2,8 милиони евра, додека сметано по продавници  „Рема 1000“ постигнала годишен приход од 7,7 милиони евра.

Веќе неколку години „Алди норд“ бележи загуби во земјата. Годишниот извештај за 2022 година покажува загуба од речиси 80 милиони евра. Ако се земе во предвид резервацијата за излегувањето од пазарот, загубата сепак изнесува над 60 милиони евра или над 300.000 евра годишно по продавница.

 

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...