Анализи

Белгија: Руската компанија „Мере“ го лансира трговскиот синџир „Мај прајс“

04 Mar 2024

Руската компанија „Мере“ не се откажува од Западна Европа. Откако во 2022 година, после започнувањето на војната во Украина, компанијата ја прекина својата работа во овој дел од Европа, таа реши повторно да започне со работа во Белгија. Неодамна, под банерот „Мај прајс“, отворени се две продавници во земјата, а наскоро се најавува и отворање на третиот продажен објект.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

 Се чини дека подготовките за вториот круг на проширување се сериозни. Во моментов компанијата бара административен помошник, асистенти за набавка, менаџери за продавниците, како и прокуристи. Исто така, уште некои западноевропски земји би можеле да се најдат на списокот за враќање на руската компанија. Новата веб страница ги содржи мапите на Франција и Германија. Во германскиот трговски регистер, матичната компанија на „Мере“, „ТС Маркт“ и понатаму е обележана како активно лице.

 Белгискиот трговски регистер покажува дека правното лице на  „Мај прајс“, „Лајткомертц“,е основано во есента 2020 година и е регистрирано на истата адреса во градот Опвијк, како и сегашната прва продавница. Претходникот на овие трговски објекти на „Мере“ исто така беа отворени на оваа локација минатото лето, но тие беа затворени само после четири месеци поради недостигот на залихи, кои главно доаѓале од Русија.

 Комерцијалните услови на „Мај прајс“ ги пресликуваат оние од работата на „Мере“: неделни плаќање на добавувачите на основа на продадената роба и 100% враќање на непродадената роба произведувачот. Иако внатрешноста на продавниците, монопалетната поставка на робата и високите полици, многу потсетуваат на продажниот концепт на „Мере“, напоменуваме дека „Мај прајс“ работи преку надворешна комуникација со цените. Белгискиот леток содржи 20 производи за широка потрошувачка по цени од 50 евра, за што како што наведува производителот е цена со попуст од 42,05 евра

                                                                                          

   Во Централна и Источна Еврпопа матичната компанија „Торгсервис“ работи под банерите „Светофор“ и „Мере“. Според најновите достапни информации на руската компанија за истражување на пазарот„Инфолајн“, компанијата во првата половина на 2023 година во својата матична земја остварила раст од 9.8% на 200 милијарди рубљи (околу 2 милијарди евра). Компанијата тврди дека моментално управува со мрежа од 4.000 продавници во Русија и во странство.

Надвор од Русија и Белорусија, „Мере“ има најсилно европски во Литванија и Србија. Во балтичките држави, компанијата моментално работи со 26 продавници (2022: 19) и според билансот на податоците бил остварен нето приход од 47 милиони евра во 2022 година и нето загуба од над 100.000 евра. Во Србија, „Мере“ моментално има 20 продавници и 23 „Светофор“ продавници (2022:13). Компанијата тука остварила заеднички нето приход за обата банера од 48 милиони евра со загуба од 360.000 евра.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...