Анализи

Велика Британија: „Сеинсберис“ сака да достигне повисоко ниво

12 фев 2024

Новата тригодишна стратегија се фокусира на растот на пазарниот уддел, лојалноста и малопродажните медиски можности, како и програмата за заштеда на милијарда фунти.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритеил аналитичар

Вториот големина дисконтер за продажба на храна во Велика Британија, „Сеинсберис“, се обидува да ја зајакне својата позиција на пазарот, во време кога германските дисконтери „Лилд“ и „Алди“, од месец во месец бележат двоцифрен раст. Компанијата под мотот „Next Level Sainsbury's“, компанијата во повеќе формати се обврза на тригодишна стратегија која што содржи осум клучни цели. Со цел да го прошират својот удел на пазарот, еден од главните фокуси е на развивање на платформата за лојалност „Нектар“ и на медиумските способности за малопродажба. Исто така, „Сеинсберис“, има за цел да ги намали трошоците за 1 милијарда британски фунти за да ослободи средства, меѓу другото, за надградба на својата технолошка платформа и автоматизирање на процесите.

„Сеинсберис“ ефикасно се спротистави на брзата експанзија на „Алди“ (Југ) и „Лидл“ во Обединетото Кралство. Компанијата е единствената од поранешната „голема четворка“ на трговци со мешовити стоки која ја задржала пазарната позиција од почетокот на инфлацијата. Според „ Кантер ворлд“, „Сеинсберис“ од јануари 2022 година до 2024 година, била единствената компанија која го зголемила својот удел на пазарот за 0,1%, од 15,6% на 15,7%. Сите останати оператори на супермаркети во Велика Британија забележале падови. (види графикон). Падот на куповната моќ потрошувачите масовно ги турнало во прегратките на „Лидл“ и „Алди“, кои во периодот оствариле големи добивки во пазарниот уддел. „Алди“ пораснал за 1,5 проценти поени, од 7,8% до 9,3%, а „Лилд“ бил веднаш зад него со раст од 1,3 процентни поени, од 6,2% на 7,5%.

                                  

Истражувањето кај купувачите покажува дека актуелната цена е од најголема важност за британските потрошувачи кои се погодени од инфлацијата. Но, изгледа дека цените на полиците на „Сеинсберис“ се далеку од конкурентоста со цените на дисконтерот, иако „Сеинсберис“ ги прилагоди над 550 од своите производи со цените на „Алди“. „Сеинсберис“ редовно е на четвртото или на петтото место во месечните споредби на цените на седумте најголеми играчи во трговијата со мешовитата стока и интернет трговецот „Окадо“, која го спроведува британското Здружение на потрочувачи „Вич?“.

Не се нужни стандардните цени на полиците, кои инаку се основа за споредбата на цените кое го прави „Вич?“, тоа што на супермаркетот му дава целосно позивитина слика. Всушност, дигиталната програма за лојаност „Нектар“, која „Сеинсберис“ ја покрена во април минатата година, била конкурентна предност на пазарот. Како што „Теско“ со години работи со својата програма „Клубкард“, „Нектар“ нуди ексклузивни попусти на 6.000 артикли за своите 16 милиони петплатници.

Во последните две години, „Сеинсберис“ во своите цени инвестирале над 560 милиони британски фунти, а за тековната година компанијата издвоила дополнителни 220 милиони британски фунти.  За да финансиски да ја поддржи инвестицијата во цените, компанијата го распродала имотот кој не и бил потребен. Минатата година во април, компанијата ја најави продажбата на непрехрабениот банер „Агрос“ во Ирска, а само пред неколку  недели на продажба е ставен и нејзиниот банкарски огранок.

Важен дел во финансирањето на актуелната борба со цените ќе биде еволуцијата на програмите за лојалност и користењето на малопродажните медиуми. Аналитичарите прогнозираат потенцијален приход од продажбата на податоците за купувачите, генерирани со програмата од картичките „Нектар“, на произведувачите на телевизори и стоки за широка потрошувачка на околу 300 милиони британски фунти годишно. Во исто време „Сеинсберис“ планира да ја засили својата финансика отпорност со откуп на своите акции за 200 милиони фунти во текот на следната финансиска година.

Минатата есен, групацијата „Алди“ објави тригодишен амбициозен план: до 2026 година имаат намера да ја прошират својата европска мрежа  на продавници од сегашните 5.300 на над 6.000 продажни објекти. Фокусот ќе биде насочен кон странските филијали во Франција, Полска и Шпанија. Во таа насока, дисконтерот уште минатата година во септември креирал нова меѓународна холдинг група, која што ќе  се занимава со меѓународното работење.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...