Главната предност на базата на податоци на TGI Adria е тоа што ги содржи сите најголеми светски, регионални и локални брендови, кои се класифицирани во повеќе од 450 категории на производи и услуги, во 18 сектори. Во анализата се прикажуваат брендови за кои најмалку 3.000 испитаници одговориле дека ги консумирале/користеле во последните 12 месеци.
Автор: Борислав Радојковиќ, проект-менаџер TGI, borislav.radojkovic@mediana.co.rs, www.medianagroup.net
Target Group Index (TGI) е најважното меѓународно синдицирано истражување на потрошувачите во светот, кое се спроведува во повеќе од 70 земји преку еден стандардизиран прашалник, при што годишно се анкетираат повеќе од 700.000 потрошувачи. TGI го претставува глобалниот стандард за single source, или во слободен превод, истражување од еден извор, бидејќи сите податоци во врска со демографијата на испитаниците, медиумската изложеност, потрошувачката/употребата на производи/услуги и начинот на живот ги добиваме од еден испитаник преку еден обемен прашалник и на примероци кои се неколку пати поголеми од стандардната големина. Токму оваа структура на прашалникот и фактот дека се работи за методологија од еден извор им овозможува на нашите клиенти, со помош на корисничкиот софтвер Choices 4, да ги анализираат и „вкрстуваат“ податоците според нивните потреби.
Во Србија, TGI се спроведува од 2002 година и од таа гледна точка можеме да кажеме дека TGI е првото лиценцирано истражување спроведено во земјата. Во моментов истражувањето се спроведува на примерок од 5.000 испитаници, на возраст од 15 до 69 години. Примерокот е репрезентативен во однос на пол, возраст, тип на населба и област, а регрутирањето на испитаниците е комбинација на F2F и онлајн-регрутирање. Базата на податоци на TGI Србија се „освежува“ двапати годишно (во јуни и декември) со нови 2.500 испитаници.
Што се однесува до регионалното покривање, методологијата TGI се спроведува (освен во Србија) и на пазарите во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. За потребите на нашите регионални клиенти, ја подготвивме и базата на податоци TGI Adria, која ги содржи одговорите на 15.247 испитаници собрани во последните 12 месеци од овие четири пазари.
Главната предност на базата на податоци TGI Adria е тоа што ги содржи сите најголеми светски, регионални и локални брендови, кои се класифицирани во повеќе од 450 категории на производи и услуги, во 18 сектори. Затоа би било интересно да се види кои се големите брендови (по број на корисници) што постојат на овие четири пазари. Тука мислиме само и исклучиво на бројот на корисници на еден бренд, кога зборуваме за неговата големина.
На графиконите се прикажани брендови од одредени сектори на потрошувачка кои имаат примерок од повеќе од 3.000 испитаници од вкупно 15.347 испитаници чии одговори ги собравме во последните 12 месеци. Со други зборови, се прикажуваат брендови за кои најмалку 3.000 испитаници одговориле дека ги консумирале/користеле во последните 12 месеци.
Ќе почнеме со средства за лична хигиена (графикон 1). Овде мал број брендови го исполнуваат критериумот ≥ 3.000 да бидат прикажани, пред сè, поради јасната поделба меѓу женски и машки брендови. Кај мажите, брендот Gillette се издвојува во категоријата бричеви, додека во споделените категории, како што е категоријата за орална хигиена, брендовите Colgate и Aquafresh се појавуваат на четкичките и пастите за заби. Брендот Dove, во голем примерок, се појавува во категориите сапуни и гелови за туширање, додека брендот Nivea има примерок од ≥ 3.000 во категориите дезодоранси, гелови за туширање, кремови за раце и кремови за лице (женски). Тука секако би го додале брендот Labello, кој дури стана генеричко име за целата категорија производи за нега на усни. Во рамките на хартиената галантерија брендот Paloma се издвојува во категориите хартиени марамчиња, салфетки и тоалетна хартија, додека Perfex и Violeta со голем примерок се појавуваат во категоријата тоалетна хартија.
Кога зборуваме за големи брендови од секторот средства за хигиена во домот (графикон 1), станува збор исклучиво за светски познати брендови. Во категориите за нега на алишта се издвојуваат Ariel, Persil и Lenor, додека во категоријата детергенти за рачно миење садови, Fairy се истакна како бренд со примерок од ≥ 3.000. Што се однесува до одржувањето на домаќинството, Ajax (одржување на подот), Arf (одржување на кујна), Domestos (универзално средство), Cif (одржување на кујна) и Bref (одржување на бања) се брендови кои имаат најголем број корисници во регионот во претходните 12 месеци.
Во категоријата кондиторски производи (графикон 2) најголем број локални брендови се појавија со примерок од ≥ 3.000. Bananica (чоколатца), Najlepse želje (чоколада), Plazma (кекси), Jaffacakes (бисквити) и Smoki (флипс) се брендовите кои во изминатиот период добија најголема доверба кај граѓаните од регионот.
А во категоријата безалкохолни пијалаци (графикон 2) честа на регионот ја бранат: Barcaffé (традиционално кафе), Cedevita (инстант пијалaци) и Cockta (кола пијалaци) кои заедно со брендовите Coca-Cola, Schweppes и Fanta се меѓу најпопуларните пијалaци и напивки во регионот.
Во најголемиот, прехранбениот сектор (графикон 3), има и најголема конкуренција меѓу светските и локалните брендови, па така се појавија мал број брендови со примерок од ≥ 3.000. Barilla (тестенини), Dijamant (маслa за јадење), Argeta (паштети), Rio Mare и Еva (конзервирани риби), Тhomy (мајонез), Vegeta (универзални зачини) и Kotányi (поединечни зачини) се брендови на прехранбени производи кои најголемиот број граѓани од регионот ги користеле/консумирале во последните 12 месеци.
Последниот преглед (графикон 3) се однесува на различни услужни активности кои ги следиме преку прашалникот TGI. Бензинската пумпа Petrol има најголем број корисници во регионот. Истата карактеристика ја имаат и рестораните за брза храна McDonalds, продавниците „Лидл“, dm и „Мулер“, како и платежните картички Visa и Mastercard. Мобилните телефони и телевизори Samsung се уреди во кои имаат доверба најголем број граѓани во регионот, додека А1 е мобилниот оператор со најголем број корисници.
Повеќе информации за TGI Adria можете да најдете на: https://www.mediana.co.rs/mediana-tgi/
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.