Во мај 2023 година, во споредба со истиот период 2022 година, има намалување во бројот на објави за 9%, но зголемување во бројот на реакции од публиката за 7%
Извор: „Пикаса аналитикс“, www.pikasa.ai
За специјалното издание „Мапа на трговци“ на магазинот InStore, „Пикаса Аналитикс“ подготви компаративна анализа меѓу истражувањата за активностите и присуството на супермаркетите на социјалните мрежи во РС Македонија, во периодот: 15 мај - 15 јуни 2022 и 15 мај - 15 јуни 2023 година.
Истражувањето опфаќа детален мониторинг на социјалните мрежи и детекција на објавите како од нивните официјални социјални канали така и од споменувањата на супермаркети од страна на други фан-страници на „Фејсбук“, бизнис-профили на „Инстаграм“, јутјуб-канали, профили на „Твитер“ и „Тик-ток“. Покрај мерењето на волуменот на објавите и споменувањата, истражувањето опфаќа и мерење на бројот на реакции и ангажмани од публиката (допаѓања, коментари и споделувања) на објавите каде што се споменуваат тие.
Во графикон 1 можеме да видиме дека во овој период од 15 мај до 15 јуни 2023 година се детектирани вкупно 2.252 објави и споменувања на супермаркети, кои предизвикале вкупно 269.952 реакции од публиката, односно во просек, 120 реакции по објава.
Графикон 1
Ова покажува дека стратегијата на маркетите за дигиталниот маркетинг на социјални мрежи не е драстично променета, т.е. дека во 2023 година за истиот период на анализирање во 2022 година има намалување во бројот на објави за 9%, но зголемување во бројот на реакции од публиката за 7%, што всушност е 20% зголемување на просечниот број на реакции по објава.
Во анализираниот период, социјалната мрежа „Фејсбук“ се издвојува со најголем број објави и има удел од 56% од вкупните објави во категоријата супермаркети на сите мрежи, што е повеќе за 3% од минатата година што правопропорционално го зголемува и процентот на реакции од страна на публиката за 3%, всушност 17% зголемување на просечните реакции по објава на оваа социјална мрежа.
Големата слика на супермаркетите на „Инстаграм“ е со 1% намалување на бројот на објави, а тоа прави 3% намалување на бројот на реакции, но зголемување за 10% на просечните реакции по објава.
„Твитер“ во целата индустрија на супермаркети има 50% намалување на активностите, а на јутјуб-каналите активностите и реакциите се зголемени за речиси 100%.
Тоа што е целосно ново во анализата за 2023 е тоа дека овој пат анализираме споменувања на „Тик-ток“ како нова социјална мрежа и дека заминува еден супермаркет, а влегува нов.
На графиконот 2 се претставени супермаркетите во Македонија, рангирани според вкупниот број објави на социјалните медиуми, каде што е напоредно прикажан и просечниот број на реакции на публиката. И лани и оваа година се анализираат 12 маркети, со тоа што местото на „Гранап“ е заменето со „Лидл“. Иако редоследот на маркети е променет, може да се види дека во дадениот период повторно апсолутен лидер според бројот на вкупни објави е „Рамстор“, кој со 487 објави учествува со 21% од вкупниот број објави во категоријата кои предизвикале 15.097 реакции, што претставува 11% од вкупните реакции во категоријата, и просек од 31 реакција по објава. Односно, за 7% е помал бројот на објави, 43% помал број од вкупните реакции на публиката и 20% помал број на просечни реакции по објава од минатата година во овој ист временски период.
Графикон 2
Водечки бренд според предизвиканите реакции е „Кам“, со вкупно 43.920 (16% од категоријата) реакции на 122 објави (5% од категоријата), односно просек од 360 реакции по објава. Тоа го прави да е со 40% помал број на објави, но со 22% поголем број на просечниот број на реакции од публиката.
Голема промена е забележлива кај „Тинекс“, кој го напушта второто место за деветтото по број на објави на социјалните мрежи. Станува збор за 65% помал број на дигитални активности на социјалните мрежи, но од друга страна, стратегијата е зголемување на реакциите од публиката со 65% повеќе на просечниот број на реакции по објава.
Заеднички заклучок од анализата за целата индустрија на супермаркети е дека е намален вкупниот број на објави, но е зголемено објавувањето на социјалните мрежи и канали кои во изминатиот период покажале дека собираат најголем број реакции.
За повеќе анализи на типот на објави за вас и вашите конкуренти или, пак, одредување сентимент на коментарите на објавите очекуваме да нѐ побарате.
Методологија:
„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Украина, Молдавија, Бугарија и Република Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube и TikTok) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).
„Пикаса“ има над 10 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 1.300 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развива неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Платформата успеа да одговори на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи. Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогна на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.