Анализи

Тема на InStore: Каде одат македонските производи?

17 фев 2021

Ковид-кризата алармираше дека е потребно зголемување на домашното производство на храна и поддршка на домашните производители. Токму затоа се прашавме: Каде одат македонските производи? Каква е состојбата на македонските брендови на домашниот и на странските пазари? Кои се нивните предизвици и можности?

Одговорите на прашањата ќе ги откриеме во мартовското издание на магазинот, во рубриката Тема на InStore.

Очекувајте богата содржина:

- Анализа на InStore. Преку бројки ќе ја прикажеме сликата на македонските производи и брендови, ќе понудиме препорака за можностите за надминување на проблемите предизвикани од ковид-кризата.

- Истражување за македонските брендови што специјално за InStore го подготви истражувачката агенција Ипсос. Во него ќе ја прикажеме состојбата на македонските наспроти брендовите од регионот.

- Ќе ви понудиме стручни мислења, препораки, изјави...

Бидете препознатливи и видливи покрај богатата содржина. Вклучете се и вие со вашите огласни решенија и ПР-текстови. Повеќе информации на meri@instore.mk или srme@instore.mk

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...