Свет

„Фереро“ ќе го удвои производството на Nutella кекси

13 Oct 2020

Италијанскиот гигант „Фереро“ планира да вложи околу 80 милиони евра во проширување на производството на Nutella кекси.

Проектот ќе биде реализиран во фабриката во Балвано(Италија) во октомври следната година. Компанијата има за цел годишно производство од 32.000 тони кекси, наместо сегашните 16.000 тони. 

Погонот во Балвано е една од четирите главни фабрики на „Фереро“ во Италија. Истиот содржи елементи на „паметна“ фабрика, бидејќи во производството, меќу другото, се користат седум роботи. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...