Свет

Евростат: Стапката на невработеност во еврозоната во август беше 8,1 отсто

01 Oct 2020

Стапката на невработеност во еврозоната продолжи да расте во август, петти месец по ред, достигнувајќи ниво од 8,1 процент според сезонски прилагодените податоци, објави Евростат, Заводот за статистика на ЕУ. 

Истиот тренд е забележан во 27-члената Европска унија, каде невработеноста се зголеми на 7,4 проценти во август. Според европските статистичари, 15,60 милиони мажи и жени биле без работа во ЕУ во август, од кои 13,18 милиони се невработени во еврозоната.

Во споредба со јули 2020 година, бројот на невработени во Унијата се зголеми за 238 илјади во август, а во еврозоната за 251 илјада лица. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...