Американското министерство за правда ѝ даде дозвола на компанијата „АБ Инбев“ да ги купи акциите на „Крафт бру алијанс“.
„Крафт бру алијанс“ е производител на занаетчиско пиво од Портланд. Зделката, во вредност од 220 американски долари или 188 милиони евра, се очекува да биде заклучена до ноември.
Разновидното портфолио на „Крафт бру алијанс“ и неговите наградувани пива одлично ќе се вклопат во семејството на нашите крафт-партнери, соопшти Марсело Михаелис од „АБ Инбев“.
Пред трансакцијата „АБ Инбев“ поседуваше 31,2% од акциите на „Крафт бру алијанс“ и дистрибуираше неколку негови брендови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.