Компанијата „Кока кола“ соопшти дека нова верзија на газираниот пијалок со додадено кафе ќе се појави на американскиот пазар во јануари следната година.
Новата Coca-Cola with Coffee ќе ја комбинира обичната Coca-Cola со бразилско кафе, и тоа во три различни вкусови – црна мешавина, ванила и карамела. Пијалокот ќе се продава во лименки и ќе содржи 69 милиграми на кофеин, за разлика од обичната Coca-Cola во лименка која содржи 34 милиграми на кофеин, односно 46 милиграми во лименка на диетална Coca-Cola.
Првиот обид на компанијата да лансира слична комбинација со кафе беше во 2006 години, но производот беше повлечен по само две години. Од „Кока кола“ веруваат дека тогашниот производ заговараше тренд пред своето време.
Според новите истражувања, вкусовите на потрошувачите се менуваат и тие сега сакаат да пробуваат нови и необични комбинации на пијалоци, поради што во “Кока кола“ овојпат се убедени во успехот на својот екстра-кофеински производ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.