Свет

Увозот на работници од Балканот позитивно влијаел врз германската економија

12 Aug 2020

Увозот на работна сила од Западен Балкан има позитивно влијание врз германскиот пазар на трудот, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за истражување на пазарот на трудот во Нирнберг.

Според истражувањето, 54 отсто од вработените според правилата за вработување луѓе од Западен Балкан се квалификувани работници, четири проценти се висококвалификувани, а 42 отсто се помошни работници. 

Новата регулатива за вработување работници од Западен Балкан беше воведена во почетокот на 2016 година, откако земјите од овој регион беа вклучени во списокот на т.н. безбедни земји, што практично ја исклучи можноста граѓаните на овие земји да добијат азил во Германија.

Критичарите велат дека ова довело до тоа во Германија да доаѓаат само неквалификувани работници во секторот на пониски плати и постари работници. Се зборуваше дека поради краткиот работен век до пензионирањето и ниските придобивки од социјалните фондови по пензионирањето, тие ќе паднат на товар на германскиот систем.

Студијата на ИАБ исто така покажа дека во Германија преку правилата за Западен Балкан доаѓаат претежно помлади работници. Во 2016 и 2017 година 73 проценти од работниците биле под 40-годишна возраст, а 86 проценти биле мажи. Најголем процент, 44 проценти, се вработени во градежништвото, а 13 проценти во гастрономијата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...