Интернет-продажбата на прехранбени производи на британскиот пазар достигна до 13 отсто од вредноста на сите потрошени прехранбени производи на Островот, покажуваат податоците на „Нилсен“.
Ова е речиси двојно повеќе од нивото забележано во истиот период минатата година (7%) и ја означува новата највисока точка на е-пазарот со прехранбени производи во Велика Британија. Периодот на анализа е четиринеделен, заклучно до 16 мај.
Според податоците на „Нилсен“, 7,9 милиони британски домаќинства нарачале храна преку интернет за период од четири недели, што претставува зголемување од 4,8 милиони од истиот период минатата година. Покрај тоа, 1,1 милион од нив биле нови корисници на е-платформите за прехранбени производи.
Резултатите на „Нилсен“, исто така, покажаа и дека посетите на продавниците се намалени за 24%, но трошењето по посета е поголемо отколку за Божиќ, односно е за 45% повеќе во споредба со анализираниот период лани.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.