Свет

Австрија во „рецесија од историски размери“

31 јул 2020

Пандемијата од корона вирусот и преземените мерки за спречување на неговото ширење влијаеа негативно на австриската економија чиј БДП во вториот квартал годинава е намален за 12,8 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Тоа е рецесија од историски размери, укажа институтот „Вифо“. 

Намалувањето на БДП во овој обем се случува прв пат по Втората светска војна.

Мерките за сузбивање на ширењето на вирусот доведоа до масовен пад на побарувачката, предизвикаа големи загуби во туризмот, сообраќајот, трговијата и услугите, но и кај уметноста и забавата. И индустријата е погодена од мерките бидејќи падна и извозната побарувачка.

Австриските економисти сметаат дека рецесијата во земјата го допрела дното во вториот квартал и сега очекува почеток на умерен раст. Предвидувањата се дека годинава падот на австрискиот БДП ќе биде меѓу 7 и 7,3 отсто, а за идната година прогнозираат повторно раст од 4,3 до 5,8 проценти.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Лидл“ го реструктурира одделот за набавки

31 јул 2020

Уделот на е-трговијата во В. Британија достигна до 13%

31 јул 2020

„Амазон“ ќе отвори 30 физички продавници во Велика Британија

31 јул 2020

„Севн & ај“ ги презема „Спидвеј“ за 18 милијарди евра

31 јул 2020

Германските газди бараат работници од Западен Балкан

31 јул 2020

Пораст на продажбата на приватните трговски марки

31 јул 2020
Вчитува уште новости...