На пет држави, меѓу кои и на Северна Македонија, ќе им биде дозволен влез во Бугарија, но само со негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа, соопштија бугарските власти.
Македонските граѓани негативниот тест ќе треба да го прикажат на самиот влез во Бугарија
Покрај Македонија, влез под тие услови им е дозволен и на туристи од Молдавија, Израел, Кувајт и Србија.
По оваа одлука, која е донесена на барање на туристичкиот сектор, од Кабинетот на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, оцениле дека потегот ќе претставува сериозна поддршка за хотелиерите, кои имаат мака да ги наполнат своите капацитети.
На брифинг со новинарите, Борисов објави и нови социо-економски мерки за помош на засегнатите од кризата предизвикана од пандемијата и како директна буџетска поддршка тие ќе издвојат над 1 милијарда евра, од кои 800 милиони за социјални мерки и над 300 милиони евра за економијата.
На 16 јули Бугарија воведе привремена забрана за влез на сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство, која требаше да важи од 16 јули до 31 јули. Одлуката беше донесена поради влошување на епидемиолошката ситуација во земјава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.