Kомпанијата „Амазон” најави во следните две години ќе отвори компјутерски центар во Ирска, во кој ќе се вработат 1.000 луѓе. Со тоа, бројот на вработени во компанијата во оваа земја ќе се искачи на 5.000 лица.
Компјутерскиот центар на „Амазон” ќе биде лоциран во Даблин. „Амазон” е присутна во Ирска повеќе од 15 години.
Во Ирска корпоративниот данок е 12,5 проценти, што е втор најнизок данок во Европска Унија, и помага во привлекување на американските мултинационални корпорации како „Фејсбук”, „Гугл” и „Твитер”.
Во Ирска околу 250.000 луѓе работат во странски компании.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.