Бугарија воведе привремена забрана за влез на сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство, од 16 јули до 31 јули.
Одлуката е донесена поради влошување на епидемиолошката ситуација во земјата и се однесува на сите гранични премини, воздушни, железнички и копнени патишта.
Исклучок од забраната е дозволата за македонските државјани да транзитираат преку Бугарија со цел нивно враќање во државата. Транзитот се дозволува единствено во случаи кога може да се гарантира неодложно напуштање на територијата на Бугарија, се додава во соопштението.
Бугарската агенција „Новините“ јави дека истите правила како за Македонија важат и за Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија и за Турција.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.