Свет

„Фич“ го намали кредитниот рејтинг за 33 земји

03 Jul 2020

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го намали кредитниот рејтинг за 33 земји во првата половина од оваа година.

Џејмс МекКормак, глобален шеф за суверени рејтинзи, вели дека агенцијата ги оценила негативно изгледите за кредитен рејтинг за други 40 земји или суверени субјекти, што значи дека нивниот рејтинг би можел да се намали.

Никогаш во историјата на „Фич“ немавме 40 земји со негативни изгледи во исто време, откако спуштивме 33 суверени рејтинзи во првата половина од годинава“, изјави МекКормак. 

Тој додава дека тие никогаш не скратиле 33 суверени рејтинзи за една година, а сега го сторија тоа за само половина година.

Меѓу државите чијшто кредитен рејтинг е намален, меѓу другите, се и Велика Британија и Австралија. 

МекКормак објасни дека многу влади ги зголемиле трошоците за да ги заштитат своите економии од сериозно влијание на пандемијата на коронавирус и дека очекува финансиската состојба да се влоши во сите 119 држави што ги проценува агенцијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...