Најсилниот германски малопродажен синџир во однос на пазарниот удел – „Едека“, ќе го купи преостанатиот удел од 10% во „Нето“ од групацијата „Тенгелман“ до крајот на годинава.
„Либенсмител цајтунг“ извесува дека групацијата „Тенгелман“, која има сопственички удел во трговскиот синџир „Нето“, била многу погодена од кризата со коронавирусот. Како што пишуваат германските медиуми, оваа аквизиција ќе биде официјално завршена на 1 јануари 2021 година. Според неофицијалните информации, „Едека“ издвоила 600 милиони евра за оваа трансакција.
Освен малцинскиот удел во „Нето“, „Тенгелман“ има контрола и на словенечките малопродажни компании „Оби“, „Теди“ и „Кик“. Аналитичарите очекуваат дека групацијата ќе го насочи бизнисот кон секторот непрехранбени производи (текстилна индустрија, производи од домаќинството и сл.).
Семејството Хауб, кое управува со групацијата „Тенгелман“, е меѓу 25-те најбогати германски семејства, чие богатство се проценува на 5 милијарди евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.