Еден од четирите најголеми малопродажни синџири во Велика Британија – „Морисонс“, минатата недела го претстави синџирот супермаркети, кој нуди исклучиво „храна за носење“.
Сепак, тоа не значи дека „Морисонс“ ќе отвора нови супермаркети, туку ќе приспособи 402 од постојните ресторани низ Велика Британија. Во објектите ќе се нуди појадок, ручек, попладневен чај и вечера, а оброците ќе бидат спакувани во соодветна амбалажа за носење.
Според британскиот магазин „Гросер“, овој синџир е првиот на Островот што ќе нуди само „храна за носење“. Освен тоа, „Морисонс“ е и најголемиот синџир што ја нуди категоријата „риба и чипс“, со продадени 2 милиони порции годишно.
Четвртиот најголем трговец во Велика Британија, според уделот на пазарот, во март беше принуден да ги затвори сите ресторани. Со помош на новата опција, „Морисонс“ ќе ги испорачува нарачките на одредени локации, во соработка со „Деливеро“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.